Skip to main content
Македонија

Уставниот суд одлучи да одржи подготвителна седница за Законот за јазиците

11/12/2024  11:37

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да одржи подготвителна седница за иницијативите поврзани со Законот за употреба на јазиците пред да се произнесе за неговата и уставноста на дел од неговите одредби. „За“ одржување подготвителна седница беа петмина од шесте присутни судии.

Дополнително ќе се одлучи кога таа подготвителна седница ќе се одржи.

На денешната седница на Судот, на која требаше да се расправа за уставноста на Законот за јазиците, како што беше најавено, не присуствува судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.

Поради тоа, судијата Фатмир Скендер, непосредно пред гласањето на дневниот ред, побара да се повлече точката со иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на оспореното законско решение.

Другите судии на Уставниот суд не се согласија со предлогот, по што судијата Скендер ја напушти седницата.