Skip to main content
Хроника

Упатени закани кон градоначалникот на Тетово Билал Касами

18/10/2024  15:53

Вчера во 11.30 часот во СВР Тетово бил повикан Ј.В.(43) од с. Требош, за кого постои основано сомневање дека извршил кривично дело ,,загрозување на сигурност“ пријавено околу 10.30 часот во СВР Тетово од градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово, кој пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.