Skip to main content
Свет

Украина го извршила првиот напад врз севернокорејски војници во областа Курск

04/11/2024  10:49

Властите во Киев соопштија дека првите севернокорејски трупи во областа Курск биле под украински оган.

Првите севернокорејски војници кои беа распоредени во пограничниот регион Курск за да и помогнат на руската армија влегоа во борба со украинските вооружени сили, објави началникот на одделот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Коваленко на Телеграм.

– Првите припадници на севернокорејската армија веќе се на удар во областа Курск, напиша Коваленко без да даде други детали.

Американскиот Стејт департмент потврди дека Северна Кореја испратила околу 10,000 воен персонал во Русија.