По претходна пријава, полициски службеници од ОВР Струга, синоќа во 19 часот од 83-годишен жител на струшкото село Мислешево, одзеле ловна пушка калибар 16 милиметри поради сомнение дека тој ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец.
По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.