Во областа Бакаркој во Истанбул, денеска започна случај против 47 лица кои се обвинети за смрт на 12 новороденчиња, јави турската телевизија НТВ.
Меѓу обвинетите во судскиот процес има лекари и медицински сестри. Тие се обвинети за смртта на најмалку 12 новороденчиња, како последица на инфекции во нехигиенски услови на интензивна нега.
Обвинението било на 1399 страници, обвинетите примале бебиња на одделенијата за интензивна нега за да го искористат системот за здравствено осигурување на Турција. 22 од обвинетите се во притвор во моментов.
Обвиниението предвидува истите да бидат осудени на вкупен затвор од 17 илјади години затвор.
Покрај овие лица, одговорни за случајот се и 19 приватни болници. Случајот денеска почна подоцна поради тензии во судницата.