На 16.12.2024 во 02.35 часот на улица „Тодор Циповски Мерџан” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.К.(39) од с.Порој, тетовско, поради сомнение дека во 02.10 часот на улица „Прохор Пчински” се обидел да изврши „тешка кражба” во возило, сопственост на Ц.С.(36) од Тетово.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.