Денес во во 04.00 часот кај с.Богородица, гевгелиско, полицијата го уапсила Т.Н.Ј. од Република Турција поради обид да криумчари мигранти.
„При преглед во возилото „дачија дастер’ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава“, велат од МВР.