Skip to main content
Македонија

Уапсен е и ексдиректорот на ЕСМ, Васко Стефанов, кој беше надвор од државата

10/12/2024  17:02

Ексдиректорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е еден од осомничените во денешната акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е приведен, откако претходно нe беше достапен на органите на прогонот во земјава, дознава „360 степени“.

Тој, според нивните сознанија, се наоѓал во една соседна земја и во текот на денот се врати во земјава, најверојатно, велат нашите извори, откако дознал дека се бара во кривична постапка.

Засега не се знае точниот број на приведени со оглед на тоа што Минитерството за внатрешни работи и ОЈО ГОКК сè уште немаат излезено со детали за акцијата.

Од позвучните имиња кои се споменуваат, недостапен за истрагата и понатаму е претходникот на Стефанов на функцијата директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Сознанијата за него велат дека се наоѓа во земја членка на Европската Унија.

Дека Ковачевски не е уапсен и дека се наоѓа надвор од земјата денеска потврди премиерот Христијна Мицкоски, кој рече дека очекува ексдиректорот на ЕСМ наскоро да биде обезбеден и вратен назад во земјава.

Според премиерот во полициската акција се уапсени 23 лица.