Skip to main content
Хроника

Уапсен битолчанец баран со потерница за издржување казна затвор

10/12/2024  14:36

На 09.12.2024 во 14.20 часот на ул.„Смилевски конгрес” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Р.(48) од Битола, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.