Три жени вчера по полноќ физички се пресметале за паркинг простор во Аеродром.
– Вчера (24.10.2024) во 00.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходни меѓусебни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 40-годишната А.М. и 20-годишната Р.Б. од една страна и 21-годишната С.М. од друга страна, сите од Скопје, стои во вчерашниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.