Skip to main content
Македонија

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

23/11/2024  13:26

На денешен ден пред три години се случи сообраќајната несреќа во Бугарија во која се запали автобус на „Беса транс“. Загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени.

Автобусот беше дел од групата од четири автобуси на „Беса транс“ кои се враќале од организирано патување во Истанбул.

Казна затвор од една година и осум месеци казна доби сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу бидејќи фалсификувал документи кои потоа ги користеле возачите кога со автобусите на напуштале државата. Казнета беше и фирмата „Беса транс“ како правно лице со парична казна од 800.000 денари и доби забрана за добивање лиценца за патен превоз во рок од четири години од правосилноста на пресудата.

Во Бугарија се водеше судски процес за несреќата, а вината беше лоцирана кај возачот, кој исто така загина.

Денес и после три години на делницата каде што се случи трагичната несреќа нема никакво обележје дека на тоа место воопшто се случила сообраќајна несреќа во која жиотот го загубија 45 државјани на Македонија.