
Ова утро во Македонија времето е ведро и особено студено, по одделни котлини и речни долини има појава на магла и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчисти. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со измерени -8 степени. Инаку, во најголем дел од Македонија утринава температурите се спуштија под нулата.

На картата можете да ги погледнете и останатите температури измерени ова утро низ Македонија. Инаку, денес максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, а времето останува стабилнo, суво и сончево, со мала до умерена локална облачност.