Тестовите на жената посетителка на Зоолошката градина за птичји грип се негативни, потврди директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска. Жената, родена во 1958 година, е единствениот посетител што побарал тестирање.
„Нема други пријавени случаи за тестирање освен двајцата вработени и оваа жена. Ризикот за посетителите е минимален, бидејќи е потребен близок контакт за пренос на вирусот,“ рече Андоновска.