Skip to main content
Економија

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

25/11/2024  17:21

Кинескиот гигант за е-трговија Тему, од пред некој ден конечно стана достапна и за корисниците во Македонија.

MK Summit

Шопинг сервисот кој последните месеци го засени познатиот бренд Али Експрес во своето портфолио има стотици илјадници продукти кои најчесто се со далеку пониски цени отколку на Али Експрес или Амазон на пример.

Иако постои само две години Тему брзо се доближи до конкурентските и многу постари компании и денес е присутна во повеќе од 50 држави.

Доставата е бесплатна, но по еден услов

Она што ја разликува Тему од другите светски сервиси е бесплатната достава, но за бесплатна достава потребно е да се потроши минимален износ.

Во Македонија тој износ е 900 денари (за еден или за повеќе производи во една нарачка)

Според сведочења на корисници доставата од Тему не само што е бесплатна туку била и далеку побрза отколку онаа на Али Експрес.

Многу критики и спорни моменти

Сепак, зад Тему постојат и одредени негативни референци.

Периодично се јавуваат многу корисници кои не се задоволни од квалитетот на нарачаната стока.

Но, далеку посериозни се случаите кога преку Тему се продавале небезбедни и штетни продукти, но и нелегални производи, за што беа отворени неколку истраги.