Skip to main content
Македонија

Студено утро, преку ден сончево

22/10/2024  07:34

Утрото во земјава студено, преку денот претежно сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје утрото ќе биде студено, преку денот сончево и претежно тивко.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и утрински температури кои наместа ќе се спуштаат до неколку степени под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во постепен пораст.