Skip to main content
Македонија

Струмица го празнува Денот на заштитниците на градот

10/12/2024  11:09

Струмица денеска и утре го празнува 11 декември- Денот на заштитниците на градот, Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Одбележувањето почнува попладне со празнична Вечерна богослужба и Свечена академија во манастирот „Свети Леонтиј“ во Водоча, а утре со Света архиерејска литургија во чест на Светите Петнаесет во истоимената манастирска црква.

Утре ќе се одржи и свечена седница на Советот на Општина Струмица, на која за значењето на празникот ќе говори градоначалникот Костадин Костадинов. Покрај тоа, ќе бидат доделени и традиционалните годишни награди и награда за животно дело на истакнати поединци и организации за 2024 година.

Инаку, заради непречено чествување на празникот денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот по улиците кои водат до црквата Свети петнаесет.