
Преминот Стража е моментално блокиран, откако снегот повторно предизвика проблеми.
На патниот правец Гостивар – Кичево преку преминот Стража е воведена забрана за движење на тешки товарни возила, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Забраната стапи на сила вечерва од 21:40 часот.
Од АМСМ апелираат до возачите на останатите категории возила да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината кон условите на патот и да ја следат состојбата на преминот.