Skip to main content
Спорт

Спринтот во Тајланд за Бастијанини, Мартин заврши пред Бањаја

26/10/2024  13:00

Енеа Бастијанини е победник на спринт трката во пресрет на Големата награда на Тајланд. Возачот на Дукати победи пред претендентите за шампионската титула Хорхе Мартин (Прамак) и тимскиот колега, актуелниот првак Пеки Бањаја.

Дукати апсолутно доминираше во спринтот на Тајланд ги освои првите осум места. На стартот Мартин за момент ја презеде првата позиција, во борба со двоецот на фабричкито Дукати, ги мина Бањаја и Баријанини, но широко влезе во првиот свиок и падна на четвртото место.

Борбата меѓу Бањаја и Мартин на стартото ја искористи Бастијнини кој изби на врвот, а потоа во прилог му одеше борбата која се водеше зад него меѓу Бањаја, Марк Маркез и Мартин.

Лидерот во генералниот пласман Мартин, најпрвин успеа да го мине Маркез, а потоа со брилијантен маневар на шест круга до крајот излезе и пред Бањаја. Бидејќи Бастијанини беше секунда и шест десетнки пред него Шпанецот реши да не форсира туку да си ја чува позицијата.

Покрај Бастијанини, Мартин и Бањаја бодови освоија браќата Маркез, Марк и Алекс на Гресини Дукати, Франко Морбидели (Прамак Дукати) и возачите на ВР46 Дукати Марко Бецеки и Фабио Диџанантонио,

Мартин во генералниот пласман сега има 22 поени предност пред Бањаја.

Трката за Големата награда на Тајланд утре се вози во 9 часот по македонско време.