Полициското одделение Мурска Собота во Словенија денеска соопшти дека мал спортски авион се урнал во близина на локалното фудбалско игралиште, а според неофицијални информации загинале три лица.
Според локалната полиција, несреќата се случила околу 12 часот.
Медиумите јавуваат дека се урнал авион „цесна“ на аеро-клубот Марибор.
Медиумите наведуваат дека во авионот требало да има четири лица, но едно од нив не се качило во авионот.
Словенечките медиуми пишуваат дека летот требало да биде роденденски подарок.