Денот на албанската азбука, 22 Ноември, е значаен историски момент кој го одбележуваме со почит кон културното наследство и јазичната различност во нашето општество. Усвојувањето на унифицираната азбука во 1908 година, на Битолскиот конгрес, претставува важен чекор во политичкото, културното и образовното зајакнување на албанскиот народ напиша Спасовски.
Овој ден е не само симбол на напредокот во зачувувањето на албанскиот јазик и култура, туку и потсетник на значењето на мултикултурализмот и меѓусебната почит во Република Северна Македонија.
Нека овој ден ни биде поттик за натамошна солидарност, разбирање и соработка, како основа за изградба на Едно општество, за сите нас.
Честит 22 Ноември – Ден на албанската азбука!