Skip to main content
Македонија

Спасовски за две години ФРОНТЕКС: Веќе две години го чуваме македонскиот јазик во европското законодавство

26/10/2024  12:16

Пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, по повод две години од потпишување на ФРОНТЕКС договорот помеѓу нашата држава и ЕУ, на социјалните мрежи напиша дека две години македонскиот јазик е зачуван во европското законодавство.

Две години откако го потпишав првиот Договор помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик – ФРОНТЕКС.

Од оваа дистанца, македонскиот народ сега веќе ја препознава искреноста со која настапивме, за европската визија, поддржани од европските народи – Македонци, кои говорат македонски јазик, како темел на македонскиот идентитет – веќе две години зачуван македонскиот јазик во европското законодавство!

Секако, посебна е честа што во мојот мандат како министер за внатрешни работи токму преку ФРОНТЕКС ги имплементиравме највисоките стандарди на интегритет, етичко однесување, професионализам во македонската полиција”, напиша Спасовски, посочувајќи ги резултатите од ФРОНТЕКС.