Утрово во 09.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на Подмољје, општина Дебрца, се случи сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Пасат“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.Л.(37) од струшкото село Корошишта и „Тигуан“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Е.Б.(26), од селото Лабуништа, соопшти полицијата.
Притоа, совозачите на двете возила како и едно малолетно лице-сопатник во првото возило, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.