Skip to main content
Хроника

Со моторна пила и се заканувал на сопругата – Маж од Гостивар заработи кривична

12/12/2024  18:26

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С. (63) од Гостивар.

Тој се сомничи заза сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство.

Имено, на 27.11.2024, по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот со моторна пила упатувал закани по животот на неговата сопруга.