Skip to main content
Македонија

СЛЕДУВА УШТЕ ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Температурите паѓаат за 8 степени, ќе има и локален дожд, на планините снег!

10/11/2024  10:49

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на уште постуден воздушен бран од север и од североисток, од денес (недела), па и во почетокот на новата седмица температурите ќе опаднат за 4 до 8 степени во однос на оние кои ги имавме до вчера, а облачноста ќе се зголемува  и ќе има појава на повремен локален дожд, додека на планините повремено ќе врне снег, со што е можна појава  и на првата снежна покривка за оваа сезона таму, иако истата ќе биде тенка.

Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

И во Скопскиот регион следува значително постудено време во следниот период, а облачноста ќе се зголеми, и ќе има услови за повремен локален дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Наутро, особено утре (понеделник) температурите повторно ќе бидат особено ниски и на повеќе места низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, додека особено во Беровскиот регион температурата се очекува да се спушти до околу -7, -8 степени.

Што се однесува до максимални дневни температури, денес (недела), како и во почетокот на новата седмица ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -2  и 1 степен, додека максималната дневна ќе се искачува до околу 14 степени.

Најстудено ќе биде во среда кога максималните дневни температури на воздухот во Македонија ќе се искачуваат во интервалот само од 5 до 12 степени