Skip to main content
Македонија

Скандал e тоа што сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е избрана за член на Судски совет, реагира СДСМ

12/12/2024  12:45

Наместо реформи гледаме бртална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече портпаролката на СДСМ Богандка Кузеска.

Според неа и СДСМ, ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот.

„Скандалозен е изборот на Данка Ристова за нов член на судскиот совет, избрана е сопруга на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, Ацо Ристов.

Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега. Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело“ вели Кузеска во одговор на новинарско прашање.