Skip to main content
Магазин

Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за семејно насилство

23/10/2024  11:16

Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за семејно насилство, јавуваат српските медиуми.

Актерот повикал полиција и рекол дека трпи насилство од сопругата Исидор. Расправијата се случила околу 22 часот во стан во Вождовац, пишува Телеграф. Не многу пред тоа, тој беше виден, со своето куче Мило, на промоцијата на албумот Сајси MC. Но, обвинителот утврдил дека нема елементи на кривичното дело семејно насилство.

Трифуновиќ и неговата сопруга се скарале, а кога тој рекол дека ќе ја остави, таа наводно почнала да му се заканува. Ниту еден од сопружниците не е повреден.

Парот официјално стапи во брак на 16 октомври.

„Би можел да се оженам за тебе секој месец“, напиша тој во описот на една од најавите за свадбата.

Исидора Мијановиќ и Сергеј Трифуновиќ во мај годинава направија црковна венчавка, а пет месеци подоцна, на 16 октомври, во Белград склопија граѓански брак.

Исидора е 23 години помлада од актерот и се чини дека таа беше единствената која успеа да му го освои срцето доволно за да му ја „украде слободата“, иако години наназад важеше за вечниот ерген на српската јавна сцена. Таа го зеде презимето на сопругот и стана госпоѓа Исидора Трифуновиќ, а последниве месеци не кријат колку се заљубени на социјалните мрежи.