Skip to main content
Музика

Сега јас ќе гледам кон ѕвездите и ќе посакам нешто… ми должиш едно исполнување желба – Карлеуша се прости од Зоки Фаци

01/11/2024  18:17

Македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, денеска почина на 52-годишна возраст, по долга и тешка битка со ракот.

Неговите колеги, пријатели, соработницо, и речиси сите кои се дел од естрадната сцена денес се простија од него на социјалните мрежи, објавувајќи заеднички фотографии и посакувајќи Зоки да си го најде својот мир во вечноста. Една од нив беше и српската пејачка Јелена Карлеуша со која неодамна се запозна, при нејзиното гостување на поткастот кај Стефан Лазаров.

„Драг Зоран, ти испраќам последен поздрав. Последен поздрав од оваа планета, каде што нашите тела се смртни, пролазни, слаби. Но, среќен пат на вечниот лет, во енергијата и во светлината во која се престори. Среќна сум што те запознав, ми рекоа дека си ми голем обожавател и дека тоа ти била голема желба. Сега јас ќе гледам кон ѕвездите и ќе посакам нешто – ми должиш едно исполнување желба“, напиша Карлеуша на својот инстаграм профил, објавувајќи фотографија со Василевски и Лазаров од нивната последна средба.

Зоки Фаци неодамна објави и видео од средбата со Карлеуша, со кое ја покажа неговата почит спрема пејачката.