
Северна и североисточна Европа денес (недела) ги зафати екстремно ладен бран поврзан со поле на низок воздушен притисок (Циклон) кој условува обилни врнежи од снег, како и екстремно ниски температури на воздухот.
На мапата може да се види дека во делови од од северна Европа температурите се спуштаат дури и до речиси -35 степени.
Обилни снежни врнежи и ниски температури во овие делови ќе има и во следните денови.