Skip to main content
Скопје

СДСМ: Граѓаните на Скопје мрзнат – градската власт итно да преземе одговорност 

18/11/2024  21:38

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Претпријатието кое има проблем со автобуси и долгови, сè уште не обезбедило основни ресурси за нормално функционирање,” додаде Галтеновски, пренесувајќи ја загриженоста на синдикатот на ЈСП, кој оваа состојба ја нарече „голем срам за градот”. Според Галтеновски, ваквото управување не е само прашање на некомпетентност, туку и на целосна негрижа за потребите на скопјани. „Срам за Град Скопје и за оние што го водат! 

Градот не е приватна фирма за експериментирање. Ако градоначалничката и Советот не можат да ја завршат својата работа, време е да си заминат,” истакна тој. 

Претседателот на градската организација на СДСМ повика на итни мерки за решавање на проблемите во јавниот превоз. „Потребно е итно решение за јавниот превоз на скопјани. Град Скопје заслужува подобро од ова,” потенцира Галтеновски.