
Ретко издание на „Малиот принц“ од францускиот автор Антоан де Сент Егзипери се проценува на 1,25 милиони долари. Тоа се нуди на продажба, а содржи бројни рачни корекции од самиот автор.
Се работи за една од само трите познати копии и ова е првпат ваков вид ракопис да ѝ биде понуден на јавноста, објави „Гардијан“.
Ракописот ја содржи првата верзија на познатата реченица: „Само со срцeто се гледа убаво, очите не ја гледаат суштината“.