Skip to main content
Македонија

Работилница за унапредување на известувањето за родово-засновано насилство во медиумите во државава

04/12/2024  08:59

Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје го имплементира проектот „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“. Во негови рамки, заедно со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се организира работилница „Унапредување на известувањето за родово-засновано насилство во медиумите во Северна Македонија (работилница за професионалци/ки од локалните медиуми)“.

Работилницата ќе се одржи денеска со почеток од 10 часот во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.