Skip to main content
Свет

Путин не знае кога Русија ќе ја победи Украина

18/10/2024  21:28

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е сигурно кога Русија ќе ја победи Украина во војната, но дека руските сили се подготвени да продолжат да се борат дотогаш.

„Нема да дозволиме Украина да се здобие со нуклеарно оружје“

Тој додаде дека Русија нема да дозволи Украина да се здобие со нуклеарно оружје и предупреди дека споменувањето на оваа можност е „многу опасна провокација“. „Русија нема да го дозволи тоа, по секоја цена“, им рече Путин на новинарите.

Според него, Украина треба да се откаже од забраната за преговори со Русија, коментирајќи ги можните руско-украински преговори во Саудиска Арабија. Русија е подготвена за дијалог со Украина, но врз основа на претходни договори, рече Путин.