На 25.11.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, Х.С.(45) од Скопје пријавила дека околу 16.40 часот во нејзиниот дом во населбата Гоце Делчев пукнала плинска боца која била приклучена со греалка и при тоа таа се здобила со изгореници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.