
Стопанската комора на Северна Македонија денеска во Охрид ќе промовира нов бизнис подкаст на претседателот на комората Бранко Азески и бизнис публикации „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“, дела на Азески и проф. д-р Дарко Лазаров.
На настанот ќе се обрати Иво Јанкоски, сопственик на продукцијата „Трето уво“, како промотор на подкастот, а за публикациите ќе зборува проф. д-р Дарко Лазаров, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Од Комората најавија дека на промоцијата ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.