Skip to main content
Македонија

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата Листа на должници

12/12/2024  13:27

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 12/2024 за долгови доспеани до 31.08.2024 и неплатени до 30.11.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.12/2024 објавени се 1969 должници – правни лица (помалку за 15 од претходната листа) и 3846 физички лица (повеќе за 16 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2024 изнесува 11.200.323.962 денари, (повеќе за 95.848.267 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.063.530.677 денари, (повеќе за 117.164.860 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 136.793.285 денари (помалку за 21,316,593 од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете со клик ТУКА.