Skip to main content
Магазин

Пријателството меѓу куче и маче секогаш на посебен начин ги освојува љубителите на животни

16/11/2024  22:07

Сопственичката на далматинецот Ривера и мачорот Самит објави видео од необичното пријателство на нејзините миленици на „Тик-ток“. Како што вели, мачорот чие прво име било Питер, требало само привремено да биде со жената, но поради „платонската љубов“ меѓу мачето и кучето, таа решила да го посвои и Самит.

Видеото има 1,8 милиони прегледи и речиси 400.000 лајкови. Ова не е единствен случај на пријателство меѓу куче и маче, но овие „слатки сцени“ секогаш на посебен начин ги освојуваат симпатиите на љубителите на животни.