Skip to main content
Хроника

Приведен криумчар на мигранти

20/11/2024  09:05

На 19.11.2024 во 05.20 часот на автопатот Гевгелија– Скопје, кај место викано „Милци”, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки  Богородица го лишиле од слобода А.Б.(35) од с.Арачиново, скопско. Полициски службеници забележале како во возилото „крајслер” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, влегуваат група на лица – мигранти. Возилото било сопрено и во негова близина биле пронајдени девет лица мигранти од Иран, кои претходно излегле од возилото.