Skip to main content
Свет

Престрелка на фудбалски натпревар: Загинаа пет лица

23/10/2024  15:26

Најмалку пет лица загинаа во пресрелка што се случила во текот на фудбалски натпревар во Кингстон, главниот град на Јамајка.

Локалните медиуми јавуваат дека до пукањето дошло за време на пријателски натпревар во Плезент Хајтс во источниот дел на Кингстон.

Медиумите јавуваат и дека населбата во која се играл натпреварот во минатото имала големи проблеми со насилство од банди.

Околностите кои довеле до пукањето остануваат нејасни, но дел од медиумите пишуваат дека жртвите биле на трибините кога вооружените напаѓачи им се приближиле и почнале да пукаат.

Во нападот со огнено оружје наводно биле повредени уште неколку лица.Полицијата не соопштува повеќе детали за инцидентот, а по престрелката е воведен 48-часовен полициски час.