Skip to main content
Македонија

ПП Левица: Меџити да излезе од својата канцеларија и да го реши проблемот со дивите депонии

08/11/2024  10:14

Интегрален текст од прес-конференција на Андреј Куцуловски, ПП Левица

„Ова позади мене е најголемата дива депонија во Македонија се простира на седум хектари и се наоѓа во Општина Шуто Оризари, на само неколку километри од центарот на градот.

Овој монструм позади мене континуирано расте. Советниците на Левица – Град Скопје, како и Зелен сектор, поднесоа барања до Град Скопје, Државен инспекторат за животна средина, како и Општина Шуто Оризари, да пратат надлежни лица и инспектори, да увидат што се случува на оваа локација.

Бараме итна реакција од надлежните институции да се казнат тие што ја предизвикале оваа состојба и да се тргне од оваа локација. Дополнително, бараме од Министерот за животна средина и водостопанство – Изет Меџити, да излезе од својата канцеларија и да ги согледа состојбите во Македонија.

Македонските граѓани секојдневно се соочуваат со еколошки катастрофи, од запалени депонии до загаден воздух, загадени реки и езера. Тој ако не знае да се справи со овие катастрофи, време е да си поднесе оставка, затоа што не се во опасност само природните живеалишта, туку и здравјето на луѓето.”