Skip to main content
Хроника

Почината жена со повреди донесена во болница: Се сомневаат на сопругот и синот

24/10/2024  16:31

Синоќа во 19.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека Б.З.(70) и М.З.(45) од с.Чешиново, кочанско, кај нив со повреда на главата ја донеле почината нивната сопруга односно мајка, Ѓ.З.(69) од с.Чешиново.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител и поради сомнение за нивна инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Б.З. и М.З..

Исто така, по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Од извршената обдукција било констатирано дека не се работи за насилна смрт туку истата починала од срцев удар.