Skip to main content
Хроника

Почина 43 годишна скопјанка во „8-ми Септември“

19/10/2024  15:15

43-годишна жена од скопско почина во болницата „8-ми Септември“.

– На 18.10.2024 година, во 14.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од село Љуботен, скопско, соопштија од МВР.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.