Skip to main content
Свет

Поранешниот претседател на Јужна Кореја: Земјата е во криза

03/12/2024  21:06

Претходникот на Јун, Мун Џе-ин, од Демократската партија, во објава на мрежата Х рече дека демократијата во земјата е во криза.

„Се надевам дека Националното собрание ќе дејствува брзо за да ја заштити нашата демократија од распаѓање“, напиша тој во објавата.

„Ги замолувам граѓаните да ја заштитат и спасат демократијата со заеднички сили и да му помогнат на Народното собрание нормално да функционира“, додаде тој.

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол денеска прогласи воена состојба велејќи дека мерката е неопходна за да се заштити земјата од комунистичките сили.

„Со цел да се заштити либералната Јужна Кореја од заканите од комунистичките сили на Северна Кореја и да се елиминираат антидржавните елементи… прогласувам вонредна воена состојба“, рече Јун во телевизиско обраќање во живо до нацијата обвинувајќи ги опозициските сили за контролирање на парламентот, сочувство со севернокорејскиот режим и парализирање на владата со антидржавни активности“.