Skip to main content
Скопје

Половина Ѓорче Петров веќе еден час е без струја – Жителите се жалат дека ќе измрзнат до изутрина

10/11/2024  18:17

Жителите на скопските Волково, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански Двор и Орман како и делот од Ѓорче Петров во околината на школото Беровски попладнево останаа во мрак. Нема информација дали има некаков дефект на електричната мрежа, објави Плусинфо.

Жителите на селата се жалат дека се исклучени од струја веќе еден час и не знаат кога ќе добијат струја.

-За ноќеска за кога се најавени минусни температури ќе останеме без греење, а ако потрае и подолго ова исклучување ќе ни ги одмрзне и замрзнувачите. Не знаеме која е причината за исклучувањето, бидејќи немаше најава дека денеска нешто ќе се работи во овој регион – вели жител од Волково.

Тој не знаеше да каже дали екипи на ЕВН работат на некаков дефект во околината.

Плусинфо се обиде да добие информација од ЕВН, но неуспешно бидејќи телефонот за информации на компанијата е презафатен.