Skip to main content
Спорт

Познати номинациите за „Златно момче 2024“ – Јамал прв фаворит за наградата!

18/10/2024  09:09

Италијански „Тутоспорт“ ги објави номинациите за наградата „Златно момче“, која ова спортско издание ја доделува секоја година.

А, и согласно номинациите, меѓу 25 имиња кои се на финалниот список, главен фаворит за освојување на признанието е ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал. И претходните три години добитници на наградата беа фудбалери од шпанската Ла Лига како Џуд Белингам од Реал Мадрид и Педри и Гави од Барселона.

Добитникот на наградата, која се доделува повеќе од две децении, ќе биде објавен на 4 декември. Досегашни носители на ова признание се и Лионел Меси, Вејн Руни, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

НОМИНАЦИИ ЗА НАГРАДАТА „ЗЛАТНО МОМЧЕ 2024“