Skip to main content
Музика

Пејачот Даниел Кајмакоски повторно стана татко – трета среќа, ќерка (ФОТО)

11/11/2024  22:26

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина го добија нивното второ заедничко дете.

По синот Стефан, кој го добија во април минатата година, сега Даниел и Марина открија нивното семејство се проширило со нов член – ќерката Емилија.

„Па, најголемата авантура на мојот живот започна. До мојата прекрасна сопруга – Марина ти си нашиот херој, те сакам“, напиша Кајмакоски во објавата на Инстаграм.

Да потсетиме, Даниел Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска, со која има едно дете – синот Давид.

По разделбата со Димитријевска во 2020 година, пејачот го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста. Тоа се смени во септември 2022 година, кога ја сподели првата фотографија со неговата сегашна сопруга Марина.