Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството вели на прес конференција пратеникот Петрушевски.
Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови.
Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС.
Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС?
Ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи.
Овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството.