Skip to main content
Македонија

Петрушевски: Не е доволно Груби да си замине од политика туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал

12/12/2024  13:00

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

ДУИ е поразен, Груби не е доволно да си замине од политиката туку да ги врати парите за кои се сомничи за криминал.

Воедно потребна е одговорност на сите оние кои во ДУИ му даваа политичка поддршка и СДС кои му беа оперативци во криминалот.

Артан Груби не бил сам во случаите на сомнежи за криминал. Тој имал свои соучесници кои мора да одговараат.

Не е можно Артан Груби да се сомничи за криминал, а Али Ахмети да е чесен. Треба да одговара и Ахмети за сето она што им го направи на граѓаните на Македонија и Албанците кои ги злоупотребуваше и се богатеше на нивен грб како и Македонците кои здружно со СДС ги крадеа.

Борбата на ДУИ и СДС е за спас на криминалци како Артан Груби, затоа создаваат атмосфера на етнички тензии.

Циркусот пред Уставен суд беше само за дефокусирање од криминалите на ДУИ и СДС кои забрзано излегуваат на виделина.

Сега откако помина 11, ништо не се случи и ДУИ се демаскирани.

ДУИ и СДС 7 години го имаа запоседнато судството. Врвот на овие партии а најмногу Артан Груби влијаеле на судски одлуки. 7 години судска одлука не смееше да се донесе без одобрение на ДУИ и СДС.

И ДУИ и СДС знаеја дека Уставен нема да донесе никаква одлука и затоа што сите 9 судии токму ги избраа тие, но намерно создаваа тензии, за да го вознемируваат народот и да дефокусираат од нивните криминали.

Се што прават ДУИ и СДС е за бегство од одговорност.

Политичките криминалци и во двете партии треба да знаат дека не можат да избегнат одговорност, и дека ќе се соочат со последиците на своите дела.