Skip to main content
Свет

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков

25/11/2024  12:02

Во рускиот напад врз Харков се повредени 15 лица, соопшти началникот на Обласната воена управа на Харков, Олег Синегубов. „Бројот на жртви се зголеми на 15.

Спасувачите го локализираа пожарот предизвикан од непријателското гранатирање“, објави Синегубов на Телеграм. Претходно, тој соопшти дека деветтмина од повредените биле хоспитализирани.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, истакна дека бил гранатиран густо населен станбен дел од градот. – Гореа деловни објекти и автомобили.

Сите надлежни служби и волонтери се на терен, додаде Терехов.