Skip to main content
Скопје

Партија на пензионери: Бесплатен превоз за пензионерите во Скопје

12/12/2024  09:11

Партијата на пензионери, најпринципиелно се спротиставува на постоењето на реалната можност за укинување на правото за бесплатно користење на градскиот јавен превоз во Скопје, информираа денес од Партијата на пензионерите.

„Во овие предизвикувачки времиња за пензионерскиот стандард, правото на користење на јавниот градски превоз во Скопје, е една од најдобрите одлуки за унапредувањето на повеќе сегменти, во не така светлото пензионерско секојдневие во главниот град.

Од таа голема суштинска причина, отворено ги повикуваме најодговорните институции во Владата и Советот на Град Скопје, детално да ги разгледаат и решат сите отворени прашања и проблеми во овој сегмент, и да донесат соодветни позитивни и практични решенија, со кои ќе се продолжи со досегашната добра пракса за добробит на сите пензионер, но секако и за учениците и студентите во главниот град.

Грижата за многубројната, млада и највозрасна популација во Скопје, не е само најдобра долгорочна политичка инвестиција на сите политички субјекти во нашата земја туку тоа претставува и нивна базична обврска за која сите тие се изјаснија во своите политички платформи и предизборни ветувања“ се вели во нивното соопштение.

Оваа реакција доаѓа откако на социјалните мрежи се крена паника дека нема да им биде дозволено да ги обноват своите автобуски карти.