Skip to main content
Спорт

Париз постави рекорд во Евролигата

30/10/2024  11:32

Екипата на Париз постави рекорд во кошаркарската Евролига на натпреварот со Алба одигран синоќа во Берлин. Актуелните шампиони на Еврокупот упатија рекордни 52 удари за три поени. Реализираа 20 обиди, што е 38 %.

Францускиот клуб победи со 92:83 во „Мерцедес-Бенц Арената“ за трета победа во шест натпревари.

Надир Ифи шутираше 7 од 19 надвор од лакот и беше блиску до рекордот за најмногу шутеви за три поени во еден натпревар. Рекордот му припаѓа на рускиот дефанзивец Алексеј Швед, кој упати 21 удар на мечот против Олимпијакос во 2019 година.

На Париз му недостигаа 4 тројки од рекордот по број на реализирани тројки, кој му припаѓа на Фенербахче (24).